Ахмети на средба со неколку амбасадори, поддршка за формирање нова влада

by fokus

Во седиштето на Демократката унија за интеграција денеска претседателот на партијата, Али Ахмети, се сретна со амбасадорите на неколку  амбасадори на земјите членки на ЕУ – амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, амбасадорот на Шведска во Македонија Матс Стафансон и амбасадорот на Германија Марко Акуатичи, соопшти ДУИ.

-На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот на Собранието на Македонија од парламентарното мнозинство и ја потврдија целосната поддршка од ЕУ, во однос на формирањето на извршните органи, со цел земјата преку нова и реформска влада, да го продолжи што поскоро патот на интегративните процеси кон ЕУ и НАТО“, соопшти ДУИ.

Поврзани новости