Ахмети: Му пратив порака на Иванов да го потпише законот!

by fokus
Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за Алсат, откри дека му испратил порака на претседателот Ѓорге Иванов, веднаш после второто гласање на Законот за јазиците, во која барал од него да го потпише законот.
-На господинот Иванов му испратив порака да го потпише овој закон уште после второто гласање. Тој не можеше да се надмине себеси за да биде легитимен претседател на сите граѓани во оваа земја. Со изгласувањето на третото гласање во македонскиот парламент, г. Иванов има уставна обврска да го потпише законот, бидејќи во спротивно тој ги крши уставот и законите на оваа земја. Сметаме дека тој сега држи политичка страна и антиалбански став. Законот ќе стапи на сила, потпишан или не потпишан од Иванов “, рече Ахмети.

Поврзани новости