Ахмети му ги испрати на Заев забелешките за неговата понуда

by fokus

ДУИ го врати во СДСМ нацрт-законот за албанскиот јазик, а во прилог има и свое мислење за неколку клучни прашања кои се однесуваат на неговиот статус, спроведувањето и усогласувањето со Уставот, дознава Алсат-М.

Кога прашањето на албанскиот јазик ќе биде прифатен од двете страни, тогаш партијата на Ахмети, се очекува да го собере претседателството за да донесе одлука за потписите.

Претходно, Ахмети се сретна и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со кој заедно ги договорија нивните забелешки за решенијата за јазичното прашање што ги предлага СДСМ. Лидерот на ДУИ рече дека пред нив е тешка одлука, а со конечни ставови најави дека ќе излезат до крајот на неделата.

Партијата на Зоран Заев чека одговор од албанските партии во форма на пратенички потписи, што им се неопходни за добивање мандат за состав на нова влада.

Поврзани новости