Ахмети ќе му даде потписи на Заев, за коалиција уште ќе размислува

by fokus

ДУИ ќе му ги даде потписите на СДСМ, а за коалиција допрва ќе преговара.

Портпаролот на партијата, Бујар Османи по десетчасовната средба на централното претседателство, изјави дека ДУИ ќе ги даде 10-те пратенички потписи на Зоран Заев, но само за да ги запазат роковите и за да не се губи премногу време.Тој потенцираше дека тоа не значи формирање на нова влада, односно не значи дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.

ДУИ викендов ќе преговара за тоа дали ќе бидат дел од новата влада или ќе се повлечат во опозиција. Со одлука, рекоа ќе излезат до понеделник.

Поврзани новости