Ахмети и Груевски скроија план за двојазичноста?

by fokus

 

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ начелно ги усогласиле ставовите околу двојазичноста, јави „Телма“, повикувајќи се на извори од преговарачките тимови.

Неофицијално, двете партии решиле Уставот да не се менува, а прашањето да се уреди преку измени на Законот за употреба на јазиците. Во Собранието ќе се формираат работни групи кои ќе работат на сите отворени прашања.

Ставот за СЈО пак, останува непроменет. За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо продолжување на мандатот за истраги, како што, засега, инсистираат од ДУИ.

Сепак, од ДПМНЕ најавуваат интевизирање на преговорите, а од ДУИ пак порачаа дека треба да се почитува принципот за коалиција со победничката македонска партија.

Мандаторот Никола Груевски има уште шест дена рок за да формира влада. Неговиот ривал пак, Зоран Заев денеска уште еднаш порача оти е сигурен дека мандатот за состав на влада, по 29ти јануари ќе го добие СДСМ.

Поврзани новости