Ахемети: ДУИ е посветена на градење правна држава

by fokus

ДУИ е посветена на градење правна држава и општество во кое ќе владее законот еднаков за сите, изјави лидерот на интегративците, Али Ахмети, на денешната партиска конвенција во Скопје каде беа промовирани кандидатите за градоначалници под слоганот „За општината која ја сакаме“.

Ахмети во своето обраќање ги повика гласачите да ги поддржат предложените кандидати.

– На овој долг и тежок пат може се направени пропусти бидејќи кој работи може понекогаш и да згреши. Но нашата цел нашата дестинација никогаш не сме ја промениле, а тоа е да продолжиме во нов дух заедно со вас. Ве повикувам да продолжиоме со промовирање на вредностите на ДУИ. Вредностите на толеранцијата, солидарноста, на помирувањето, на консензуалноста, на одговорноста, на храбрите одлуки и евроамериканскиот дух. Но имаме многу работа пред нас и овие работи се вршат со храбри луѓе, со искусни кои не разочаруваат – истакна тој.

Поврзани новости