Агенција за медиуми: ТВ Алфа им овозможила на Миленко и Мирка да шират омраза за Албанците

by fokus

Во емисијата на Миленко Неделковски каде што гостувала Мирка Велиновска, на телевизија Алфа во јануари 2018 година, двајцата ширеле дискриминација, нетрпеливост и омраза кон албанската етничка заедница, стои во извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

АВМУ бара од Јавното обвинителство и од Комисијата за заштита од дискриминација да поведат постапка за овој случај.

Во извештајот се посочени конкретни примери, односно цитирани се делови од емисијата каде што Неделковски и Велиновска ги нарекуваат Албанците „диво племе“, „дивјаци“, „скитачи“, „чергари“, „дојденци“…

„Со уредничката одлука да ја емитува оваа однапред снимена емисија, ТВ Алфа овозможи да се шири дискриминација и говор на омраза врз основа на етничка припадност“, стои во извештајот и се додава дека иако емисијата „Миленко Неделковски шоу е надворешен проект и ставовите изнесени во неа не се ставови на телевизијата, тоа не ја намалува уредничката одговорност за изборот да ја емитува во рамките на својата програмска шема“.

Поврзани новости