Агенција за медиуми: Дел од медиумите се необјективни и пристрасни

by Фокус

Агенцијата за медиуми или како што и е целосното име Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во Извештајот  за медиумското претставување во првите десет дена по распишувањето на изборите заклучува дека дел од медиумите не ги почитуваат програмските начела за објективно и непристрасно прикажување на настаните, обезбедување различни, еднакво третирани гледишта, за почитување на човековото достоинство, за поттикнување на духот на толеранција и за независност и самостојност во уредувачката политика.

Агенцијата предупредува дека доколку некои од медиумите продолжат да емитуваат прилози во кои се поврзуваат политиките на државата со мерки од изборни програми на политички партии и да известуваат за активности на државните органи на централно и локално ниво на начин што може да биде во функција на изборно медиумско претставување на кој било политички субјект, ќе бидат преземени законските мерки.

Поврзани новости