ФОТО Коце го бара гласот на Албанците преку билборди на албански јазик

by Фокус

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ја бара довербата на жителите на Скопје за уште еден градоначалнички мандат, при што го бара гласот и на албанските гласачи.

За тоа најдобро сведочат билбордите низ градот на кои Трајановски е придружен од кандидатот за советник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, Мухамед Амети, кој воедно е кандидат за заменик-градоначалник.

Притоа, на билбордите може да се прочита слоганот „Започнува нова ера во Скопје“, кој е напишан на албански јазик.

Поврзани новости