АЕК дала 2,8 милиони евра за изградба на Панорамското тркало

by fokus

Директорот на АЕК, Сашо Димитријовски, делел донации на Велосипедската федерација, на која тој е претседател.

Ова е само дел од мониторингот на четирите невладини Евротинк, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншки комитет за човекови права. Во мониторингот тие објавија дека од вкупно 180 милиони денари донации, Агенцијата дала 175 милиони денари, или 2,8 милиони евра, на ЈСП, за изградба на Панорамското тркало.

На листата „наградени“ од АЕК, се најде и Македонската радио телевизија, Општина Гази Баба, и Зоолошката градина.

АЕК ниту наградените немаат никаков извештај за што се добиени тие пари и како се потрошени.

Поврзани новости