Приведен активист на Шарена револуција

by fokus

Активистот на „Шарена Револуција“, Павле Богоевски е уапсен поради обид да пушти транспарент на кејот од Вардар. Тоа беше герила акција предвидена за вечерва. Полицијата не им дозволи на активистите да го истакант транспарентот, додека од другата страна на мостот се одвиваше церемонијата по повод роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, а свое обраќање имаше Никола Груевски.

Покрај апсењето на Богоевски, полицијата ги туркаше и другите активисти, дел од „Шарена Револуција“, истовремено не беше дозволено ни да се помине преку Камениот мост, од каде првично Шарената револуција сакаше да го постави платното.

Според последните информации, активистите на „Шарена Револуција“ спонтано се собираат преку социјалните мрежи пред полициската станица „Пролет“, каде ќе бараат објаснување зошто е приведен Богоевски и бараат негово ослободување.

Поврзани новости