40.000 избришани од Избирачкиот список поради несоодветни адреси

by fokus

Четириесет илјади граѓани за кои по теренската проверка на Државната изборна комисија се покажа дека имаат несоодветени адреси и одамна не ги обновиле личните документи, нема да бидат автоматски впишани во Избирачкиот список, објави Телма.

На денешната седница на ДИК беше прифатен предлогот на СДСМ, тие 40.000 лица да се примени дополнителна методологија, а тие самите ќе треба да јават во комисијата дека постојат.

Меѓу претставниците на партиите во рамки на втората работна група органзирана од ДИК дошло до компромис како да се постапува и со останатите 172.000 гласачи за кои СДСМ се сомнева дека се несоодветно внесени во списоците.

Поврзани новости