Бошкоски: Намам официјална информација дека ќе бидам министер

by fokus

Љубе Бошкоски, лидерот на Обединети за Македонија, набрзо ќе стане дел од Владата, бидејќи за него е резервирано едно од испразнетите министерски места. Според засега неофицијални информации на „Фокус“, Бошкоски ќе седне на фотелјата на Рамиз Мерко, кој до неодамна беше министер без ресор, а кој на локалните избори беше избран за градоначалник.

Бошкоски во изјава за „Фокус“ вели дека се уште не е информиран за ваквата одлука, и дека засега станува збор за шпекулација.

-Официјално никој не ме информирал за ваква одлука, вели Бошкоски, кој не негира дека имало партиски преговори на оваа тема.

Љубе Бошкоски беше дел од тимот на СДСМ на локалните избори, но само како поддршка преку неговата партија Обединети за Македонија без да се кандидира за било каква функција.

В.В.

Поврзани новости