Тешка сообраќајна несреќа кај Кумaново, 14 повредени

by fokus

Дури 14 граѓани се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случила на автопатот Куманово -Крива Паланка. До несреќата дошло кога околу 17.30 часот се судриле автобус и два автомобила. Во несреќата повреден е и поранешниот министер за финансии на Албанија, Арбен Ахметаи.

Двајца од повредените се со потешки повреди, поради што се префрлени на лекување на клиниките во Скопје, а останатите се хоспитализирани во болницата во Куманово.

Поврзани новости