Новиот директор на УБК, Николовски, целиот работен век го минал во МВР

by fokus

На веб сајтот на МВР денеска осамна биографијата на новиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски.

Педесетгодишниот Николовски во 1991 година дипломира на Факултетот за безбедност.

Од 1992  – 1997 година е оперативен работник во УБК (поранешна ДБК), од 1997  до 1998 е началник на Сектор во УБК. До 1999 е главен инспектор во УБК, а од 1999 до 2001 е главен инспектор по контраразузнавање.

Две години, од 2001 – 2013, е началник на Секторот за контратероризам, а од 2013 – 2015, е началник на Оддел за контраразузнавање и од 2015 – 2017  помошник директор за контраразузнавање.

Учествувал на конференции/ семинари /обуки од областа на контратероризмот и контраразузнавањето во земјата и странство.

Поврзани новости