20 ГОДИНИ создаваме, растеме и живееме ЗАЕДНО, 20 години Мебел-Ви

by Fokus

Во годината во која го прославуваме нашиот 20-ти роденден, заедно со вас испишуваме нова страница во нашето заедничко постоење, и воопшто во индустријата за мебел во Македонија.

Благодарение на поставените цели и визија, на чие исполнување сопствениците и вработените на Мебел-Ви Виница веќе 20 години посветено работат, семејството на задоволни купувачи, корисници и партнери постојано расте.

Со цел зголемување на задоволството кај купувачите, одржување и зголемување на квалитетот на производот, како и настапот на Мебел-Ви и на европските пазари, производниот процес од самите почетоци од 1997година постојано се усовршува, модернизира и надоградува. Нашето производство е сертифицирано, и тестирано за сите категории производи. Производните линии, на површина од над 15.000м2, се опремени со најсофистицирана технологија за производство на мебел во светот. Со цел брза испорака за крајните корисни, како и добра грижа за производите и суровините, во склоп на нашата фабрика изградивме современи магацински капацитети, на површина од 6.500м2. Благодарејќи на ова Мебел-ви прерасна во најголемиот производител на мебел во нашата земја. Нашиот тим се состои од повеќе од 170 висококвалификувани вработени, со тенденција на зголемување на овој број.

Нашите продажбни салони со нов концепт на понуда

Уште во самите почетоци во 1997 година пред себе поставивме амбициозна цел, да понудиме исклучително купувачко искуство за секој наш потрошувач и посетител. 20 години подоцна Мебел-Ви е компанија со најголеми продажни салони за мебел во Македонија, и оваа определба ја крунисуваме со отворањето на новиот ултра модерен продажен салон во Куманово кој е најголем во овој дел од државата, со големина од 2.500м2. Во овој правец е и отпочнувањето со изградба на новиот поголем салон во Кавадарци, со изложбена површина од 3.000м2 кој ќе даде значаен импулс во подигање на нивото на услуга, како и секако во зголемувањето на самиот број на производи и услуги на пазарот во овој дел од Македонија.

Во самите продажни центри воведовме нов концепт на понуда, со тоа што на една локација, во еден продажен објект обединуваме поголем број на брендови и трговски марки од сите ценовни категории. Со ова ги отвараме вратите за секого кој има потреба од парче мебел, и ги правиме нашите салони прв избор за посета при купување на мебел. Наши продажни салони имаме во 7 поголеми градови во Македонија, во 2 града имаме партнери кои ја нудат нашата програма, а со цел да ги задоволиме барањата и на оние купувачи кои доаѓаат од другите места нудиме бесплатна достава насекаде во Македонија, со сопствена дистрибутивна мрежа.

Потрошувачите и нашите партнери се значаен дел од нашето работење со голем удел во нашиот успех. Со цел исполнување на нивните барања, следејќи ги светските трендови, како и понатамошно доближување на нашата понуда и директна комуникација со нив, со задоволство ја претставуваме и нашата нова веб страница www.mebel-vi.com. Проектот на прва online продавница за мебел во Македонија KupiMebel.com.mk, кој се покажа како успешен и ги постави темелите на ваков тип на продажба во Македонија, го надградивме и сега на една интернет локација може да се најдат и купат околу 400 производи, од портфолиото на сите брендови кои ги обединува групацијата на Мебел-Ви.

Благодариме што сте дел од најголемото семејство за мебел и уредување на домот во Македонија. Во овој роденденски период подготвивме многу изненадувања за сите наши посетители.

Поврзани новости