2.000 затвореници напладне почнуваат со протест

by Фокус

Околу 2.000 затвореници од сите затвори во Македонија денеска напладне ќе почнат со протестот поради одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не ги помилува. Тие се револтирани бидејќи претседателот аболираше а 56-мина политичари, нивни соработници и поддржувачи, па сега бараат намалување на нивните казни  30 до 50 проценти.

На протестот ќе се придружат и семејствата на затворениците, а тие најавуваат дека ова е само почеток. Доколку никој не ги уважи нивните барања, затворениците не ја исклучуваат можноста и да почнат штрајк со глад.

Претходно мотивирани од аболицијата на политичарите, помилување побараа и 106 жени затворенички од затворот Идризово, но Иванов им одговори дека нема да ги помилува и ги упати намалување на казната да бараат по регуларен пат.

Поврзани новости