Укшини призна дека учествувал во Диво Насеље

Сами Укшини или познат како командант Соколи, првообвинетиот во случајот „Диво Насеље“ денеска сведочеше во судница на Врховниот суд, каде што истакна дека иако учествувал во настанот, не се чувствувал виновен, бидејќи не командувал со групата.

Тој изјави дека осумтемина убиени препадници на МВР во минатогодишните немили кумановски настани, не ги убиле тој или некој од групата.

– Во нив е пукано од нивните колеги-полицајци со тешко оружје. Можам да кажам дека предводници на групата која беше во Диво Насеље беа Бег Ризај и Мирсад Ндрцај. Јас во населбата дојдов на 3 мај по повик од мојот пријател Џафер Зумбери. Ги молев Мирсад и Бег да си заминат од населбата но тие одбија. Еден член од групата, Шефќет Калачи, на 9 и 10 мај преговараше со ОБСЕ целата група да се предаде. Но, од ОБСЕ ни беше кажано дека и после 3 часа преговори, челниците на МВР одбивале да се предадеме – изјави Укшини.

Тој истакна дека учествувал и во конфликтот од 2001-та година и дека во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор. Според Укшини, договорот до 2004-тата не бил спроведен.

Во судот, продолжува сослушувањето на останатите обвинети.

Ушкини има 50 години и е од Ѓаковица, Косово. Завршил средно образование и пред да биде уапсен работел во приватна фрма. Оженет е и има 11 годишно дете.