Сведок на СЈО бил загрозен од осомничениот екс командир Пуки, Апелација му забрани контакт и доближување

by fokus

Апелациониот суд денсека објави дека ги отфрла жалбите на петмина полицајци алфи, меѓу кои и поранешниот командир Ивица Анчевски-Пуки, осомничени во Тортура, и им наложи секој петок да се јавуваат во суд, порад опасноста од бегство.

Исто така второстепениот суд ги прифати и барањата на СЈО да им се забрани доближување на контактирање на осомничените полицајци со лице кое е сведок во постапката против нив. СЈО навело дека сведокот кој исто така е полицаец се чувствува загрозен од честите јавувања од неговиот поранешен командант Пуки, кој е првообвинет во Тортура, односно нечовечкото апсење на Љубе Бошкоски.

Поврзани новости