СЈО отвори истрага против Груевски за незаконско финaнсирање на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага „Талир“ против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за наводно нелегално финансирање на партијата, при што постои сомнеж дека биле злоупотребени 4,9 милиони евра.

Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека парите биле злоупотребени во периодот од 2009 до 2015 година а првоосомничениот, претседателот на паријата, овие пари ги користел за лична природа, или како што рече обвинителката Фетаи, зацврстување на моќта во партијата.

Обвинителката Ленче Ристоска кажа дека за овој предмет во кој се сомничат челни лица на ВМРО-ДПМНЕ за перење пари биле испратени 570 покани за сведоци, 260 преслушани сведоци, 230 банки, институции, правни лица, 30 службени белешки и анализи со најмалку 300 страни и 11.886 уплатници.

Во просек, според обвинителката Ристоска во 2009 година биле уплатени над 28.000 евра дневно, во 2010 година над 15 илјади евра, во 2011 година над 12 илјади евра, во 2012 над 14 илјади евра, во 2013 година над 30 илјади евра дневно, во 2014 година над 26 илјади евра, а во 2015 година над 31.000 евра дневно, а биле уплатени за чланарина.

„Повеќето од уплатниците се пишувани со исти ракопис, дел од осомничените лица се сомничат дека создавале обврски за партијата, ова се само дел од сумите, не се сите обврски намирени, понатамошниот тек на истрагата ќе покаже колку се ненамирени. Ќе бараме замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, имотот на партијата не се користи само за целите на партијата, има имоти кои се пасишта. Има 12 барања, во просек по 3 имоти, ваквиот имот имаме докази дека е предмет на кривично дело, Ќе се бара замрзнување на имотот на партиската зграда”, рече Ристоска.

Покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени се и генералните секретари на партијата, лицата кои биле потписници на сметакта и директорите на центарот за комуникации на партијата.

Поврзани новости