Пратениците запреa со работа, ќе продолжат по локалните избори

by fokus

Собранието попладнево ја прекина работата по 15. седница и како што најави претседателот Талат Џафери пратениците со работа ќе продолжат по локалните избори.

Пратениците денеска шести ден во рамки на 15. седница дебатира по Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Џафери рече дека ја прекинува дебатата согласно неговата најава дека Парламентот нема да работи на почетокот на кампањата за изборите, но и, како што рече, да нема чувство дека некој по секоја цена сака да постигне некоја цел.

Поврзани новости