Пациент: Во импровизирани услови правиме дијализа, а една грешка може да биде кобна за нас!

by fokus

Во импровизирани услови, со несоодветна медицинска опрема и небрижност на дел од медицинскиот персонал, веќе шест месеци сум на дијализа во Железара, вели скопјанецот Небојша Додевски, кој изреволтиран од условите во болницата, утрово стапи во контакт со „Фокус“ додека беше на дијализа.

Тој истакнува дека во просторијата каде што пациентите поминуваат по четири часа условите се катастрофални.

-Со недели не ги менуваат неонките, па лекарите се приморани да не боцкаат, што се вели на слепо, бидејќи нема доволно светлина. А. тоа е страшно, бидејќи една грешка може да биде кобна за нас. Исто така плафонот се лупи, па секој момент очекуваме да ни падне врз глава. Проблем е и непрецизноста на вагата, со која ни ја мерат идеалната тежина, за да знаат колку течност да ни извадат, па и тоа се прави од око. Кога ќе ни извадат повеќе течност отколку што треба, имам грчеви и болки. Непрецизен е и апаратот за мерење на притисок, па докторите, и во овој случај, се водат од претпоставки. Со еден збор катастрофа, вели Додевски.

Тој е револтиран и што за болеста, за дијализата, но и за правата кои му селдуваат се информирал од други пациенти а не од лекарите.

-Наместо од лекарите, за се се информирам од другите пациенти, истакнува Додевски.

Тој се надева дека со неговото јавно посочување на проблемите, можеби ситуацијата конечно ќе се подобри.

Поврзани новости