19-годишник сакал да ја ожени братучетката, му се заканувал на чичко му дека ќе го убие ако не му ја даде

by fokus

Таткото на девојче од скопското село Љубин пријавил во полицијата во Сарај дека неговиот 19-годишен внук со иницијали Е.Б. му се заканувал дека ќе му го одземе неговиот живот и животот на неговото семејство, доколку не му ја деде ќерката за жена.

Според пријавата, 46-годишниот татко, кој му е чичко на 19-годишниот Е.Б. преку вибер ги добил пораките со закана. Од полицијата велат дека момчето и неговата ќерка биле извесно време во врска. Неодамна биле два дена заедно во хотел во Тетово, без негова дозвола, по што ја пријавил ќерката за исчезната во Полициска станица.

Заканите следеле откако 19-годишникот дознал дека неговиот чичко ја верил својата ќерка за друг. Кога слушнал за тоа, дечкото избегал од дома и му ги испратил заканите на својот чичко.

Од полицијата велат дека постапуваат по пријавата.

Поврзани новости