Груjевски, Јакимовски и Бошковски поднесоа жалби до Врховен, наредната недела ќе се знае дали ќе одат во притвор

by fokus

Од Врховниот суд информираат дека денеска пристигнале жалбите на Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Горан Бошковски, кои бараат да им се укине мерката притвор која им ја одреди Апелација, по барање на СЈО како осомничени во случајот „Таргет и Тврдина“.

-Жалбите се препратени на одговор до СЈО и по комплетирање на предметите петочлениот совет на Врховниот суд ќе одлуци по жалбите, не информираа од Врховниот суд.

Откако Специјалното јавно обвинителство ќе одговори на жалбите, Врховниот суд има рок од 48 часа да донесе одлука.

Поврзани новости