13 загинати во терористичкиот напад во Барселона

by fokus

Министерот за внатрешни работи на Шпанија, Јоаким Форн, соопшти дека 13 луѓе се мртви, а 50 повредени во терористичкиот напад што попладнево се случи во Барселона.

Претседателот на Владата на Каталонија, Карлес Пуждемон, преку Твитер повика на максимална внимателност.

Властите се во потрага по второ комбе кое би можело да нападне. Возачот на комбето избегал од местото веднаш по настанот. Тамошните медиуми јавуваат дека возачот на комбето бил облечен во бела облека со сини линии.

Поврзани новости