Богоев убедливо води пред Јакимовски во Карпош

by Fokus

Стефан Богоев, кандидатот за градоначалник на СДСМ во Карпош убедливо води пред својот противкандидат од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, потврди за „Фокус“, Душко Весковски, првиот човек на Општинската организација на СДСМ.

– Богоев убедливо води во сите избирачки места – истакна Весковски.

Тој претходно објави и статус и на својот фејсбук профил.

– Голема како планина, убедлива, историска победа на Стефан Богоев во Карпош! Општина Карпош има нов, вистински градоначалник!  Нека ни е со среќа! – напиша Весковски.

Поврзани новости