Мисајловски во 2008 година бил условно осуден затоа што претепал човек

Кандидатот за градоначалник за Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски бил осуден на условна казна од шест месеци за нанесување на тешка телесна повреда, информира Илија Спасовски од СДСМ.

– Мисајловски во 2008 година бил правосилно осуден на условна казна од шест месеци, доколку во рок од две години не направи ново кривично дело, бидејќи заедно со уште еден соучесник нападнале едно лице и му нанеле тешки телесни повреди.Ова е само уште еден доказ дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е составена од насилници, криминалци и послушници на Никола Груевски и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во ерата на закани, насилство и криминал. Насилник кој тепа граѓани не смее да биде градоначалник на Ѓорче Петров – информира Спасовски.